24фудбал

Мпабе бара една необична клаузула во новиот договор со ПСЖ

Се верува дека во случај Мбапе да стави потпис на нов договор со францускиот првак, истиот не би траел нешто повеќе од две до три години, во таков случај на „Кралевите“ би им било потребно богатство за негов трансфер, дури и тој успешно да издејствува за посакуваната клаузула.

Франција

Фудбалот полека но сигурно ќе мора да се навикнува по новите критериуми кои секако ќе имаат во голема мера допирна точка со сумите кои ќе бидат користени за трансфери, но и за новите договори за фудбалерите, очекувано е астрономските суми барем на одреден период да бидат изоставени.

Како и да е, Реал Мадрид како и другите гиганти ќе мора да разгледува некои свежи идеи за претстојниот летен преоден рок, иако ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе и натаму останува приоритет за „Кралевите“.

Од ПСЖ мака мачат како да се договорат со 21 годишниот напаѓач за тој да стави потпис на нов договор со клубот, актуелниот договор му истекува во 2022. година, а засега нема позитивни сигнали во преговорите помеѓу обете страни.

„АС“ наведува дека францускиот репрезентативец во преговорите со ПСЖ бара при евентуален потпис на новиот договор, во истиот да има клаузула со која ќе му биде овозможено да реализира трансфер во Реал Мадрид или друг европски гигант.

Се верува дека иако во Реал Мадрид постои голем интерес за услугите на младиот напаѓач, од таборот на „Кралевите“, поточно првиот човек на клубот Флорентино Перез планира да го повлече првиот потег идната година, кога тој би влегол во последната година од договорот со ПСЖ, со што цената на напаѓачот драстично би се намалила.