24фудбал

Лион подготви две тужби откако излезе како голем губитник од прекинот на сезоната

Во услови кога сите останати првенства од „Топ 5“ во Европа сериозно ги разгледуваат сите можни детали околу евентуалното продолжување на сезоната, во „Лиг 1“ дојде до официјален прекин на сезоната, по одлуката на тамошните власти, меѓутоа сосема очекувано, ќе има и реакции од „оштетени“ клубови од таа одлука.

Франција

Говорејќи во интервју за „ЛЕкип“, претседателот на францускиот прволигаш Лион, Жан-Мишел Ола потврди дека клубот подготвил две тужби против лигата (ЛФП) откако и официјално падна одлука актуелната сезона да биде прекината.

Лион излезе како голем губитник во оваа ситуација, а истата на Рен му донесе квалификации за Лигата на шампионите, што се однесува пак до Лион, за овој клуб нема излез во Европа за идната сезона, па револтот во овој клуб е голем по таа одлука.

Во голема мера се двоумевме околу сево ова, бордот на директори на клубот донесе и конечна одлука да се пристапи со правни активности, парите не се во прашање во оваа ситуација, ова е клуб кој од дното се искачи на врвот, исто така ние први го покренавме прашањето околу враќањето на натпреварите“ вели Ола.

Одлуката на Министерот за спорт е базирана на дата од 3. август, која воопшто не соодвествува, ниту постои во УЕФА, а говорат за здравјето и здравствените протоколи, ние ќе мораме добро да ја анализираме оваа ситуација, тоа мораме да го сториме детално, а дополнително ќе сочекаме каква ќе биде реакцијата и во другите земји каде се најавува зелено светло кај сите други европски земји, за да видиме дали постои можност да се вратиме на натпреварите“ додава тој.

Во однос на вториот предмет, тој се однесува на начинот на кој беше прекинато првенството, како и начинот на кој се одредија финалните позиции на табелата, би сакале да видиме дали сето тоа е легитимно, ќе мора детално да ги анализираме сиве овие работи, да видиме дали и колку клубовите се оштетени од оваа одлука, во моментов не говориме воопшто за финансиските консеквенции“ заклучи Ола.