24фудбал

Неиграњето во Европа му носи проблеми на Лион, Депај може да си замине летово

Договорот на Депај со Лион истекува идната година, неговите агенти јасно посочиле дека 26 годишниот Холанѓанец би можел да ја искористи можноста да си замине од клубот, во случај истиот да не избори место во Европа за идната сезона.

Франција

Лион за прв пат не избори место во некое од европските натпреварувања за идната година, за прв пат од 1997. година па наваму, откако заврши на седмото место во „Лиг 1“ по одлуката на тамошните власти да се суспендира спортот во Франција.

Од Лион не останаа покуси, па најавија тужби поради начинот на кој беше прекината актуелната сезона, а поради фактот што нема да бидат дел од ниту едно европско натпреварување идната сезона, тоа ќе активира и одредени клаузули во договорите на фудбалерите.

Според зборовите на првиот човек на клубот, Жан-Мишел Ола, еден од клучните фудбалери на Лион, Мемфис Депај би можел да си замине претстојниов летен преоден рок.

Јас ќе сторам сешто е во моја моќ да ги задржам фудбалерите во тимот, но оние кои треба да играат во европските натпреварувања би можеле да разгледаат други солуции бидејќи ние нема да имаме можност за тоа“ вели Ола кој не крие дека Депај е подготвен да разговара за нов договор, но, секако со поинакви услови.

Немам вести засега, но, Мемфис веќе ме извести дека е подготвен да разговара за нов договор кога ќе се врати, неговите агенти јасно ми ставија дознаење дека тој преферира да ја искористи можноста да си замине доколку не играме во Европа“ додаде тој.

Холандскиот репрезентативец постигна 14 погодоци во 18 настапи за Лион пред да се здобие со повреда од посериозен карактер која го оддалечи од предвиденото (веќе одложено) Европско првенство.

Расплетот на околностите во Франција најмногу отиде во прилог на Рен, клуб кој за прв пат во својата историја избори место во квалификациите за Лигата на шампионите, ПСЖ како првак, односно Олимпик Марсеј како вицепрвак одат директно во тоа натпреварување, а во Лига Европа место има за Лил.