24фудбал

Ибрахимовиќ заборавил да го регистрира Ферарито од 2 милиони долари, сега го чека казна (ФОТО и ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ изминатиов викенд го привлече вниманието на жителите на Стокхолм откако реши да се повози со своето Ферари Монца СП2, но напаѓачот на Милан сега ќе добие казна бидејќи автомобилот не бил регистриран.

Останато

„Ибракадабра“ има еден куп лукзусни автомобили а неодамна за својот роденден се почасти со редок примерок на Ферари Монца СП2.

Изминатиов викенд, пред да се врати во Милано, Златан Ибрахимовиќ реши да се повози низ улиците на Стокхолм и да го привлече вниманието на своите сонародници, тешко е да не се забележи „ѕверка“ од 2 милиони долари која нема покрив и ветробранско стакло.

Па откако фудбалерот ги „запали“ социјалните мрежи, влезе во проблеми. Испадна дека автомобилот не бил регистриран и Златан Ибрахимовиќ ќе треба да плати казна.

„Регистрацијата е истечена на 30. март“ – вели портпаролот на Агенцијата за сообраќај на Шведска.