24фудбал

Нова пикантерија од книгата на Кјелини: Видал беше мртов пијан, не ја гледаше топката ама трчаше како луд!

Џорџо Кјелини во својата книга открива дека алкохолот бил слаба страна на Арутро Видал, Чилаенецот знаел добро да се опијани и да не се појави на тренинг но и покрај тоа секогаш бил голем работник.

Италија

Капитенот на Јувентус минатата недела го привлече вниманието со книгата која ја објави и приказните за Марио Балотели и Фелипе Мело. Медимите од Италија сега објавуваат нови пикантерии, а во фокусот е Артуро Видал.

Џорџо Кјелини открива дека алкохолот бил слаба страна на Чилеанецот, тој знаел добро да се опијани и да не се појави на тренинг. Но Артуро Видал секогаш бил голем работник, и токму поради ова, дури и строгиот Антонио Конте ги толерирал неговите повремени испади.

„Фудбалерите не се светци, ниту пак ѓаволи. Сепак, секој има маани. На пример, Видал знаеше да излезе и да испие повеќе од што треба, сите го знаеа тоа. Слободно може да се каже дека алкохолот му е слабост. Но не треба поради ова да се сомневате во неговиот карактер, или да сметата дека тој не е шампион. Артуро знаеше да не се појави на тренинг неколку пати во годината, или пак да дојде малку поднапиен. Но никогаш не бил мрзелив, напротив, тој е голем работник“ – раскажува Џорџо Кјелини.

„За жал немав прилика да го запознаам подобро Паоло Монтеро. И тој знаеше да живее како крал кога ќе излезеше во ноќен живот. Паметам во последната негова сезона во Јувентус, кога му паднаа перформансите, Моџи му рече, „Паоло, те молам престани навечер да седиш дома, врати се на старите навики!“ Таков беше и Видал“.

„Нема да ја заборавам турнејата во САД, бевме во Мајами и вечерта пред последниот тренинг, сите добија дозвола да излезат. Следното утро, немаше ни трага ни глас од Артуро. Лежеше мртов пијан во собата, моравме со сила да го дигнеме од кревет. Тој ден требаше за прв пат да ја користиме новата опрема. Пукаше сонце, беше 40 степени а сите бевме облечени во црно. Конте едвај се воздржуваше, чекаше Артуро Видал да се откаже за да го избрка и да направи пример од него“.

„Но наместо тоа, пијаниот Видал иако не ја гледаше топката трчаше како луд, никој не можеше да го стигне. Па како да му замерите на ваков човек, кој носи радост во тимот, сите ги влече напред, плус се работи за голем борец и голем шампион“.