24фудбал

Кјелини му честита на Рамос: Тоа што му го направи на Салах е мајсторија, знаеше дека ќе го повреди!

Според Џорџо Кјелини, Серхио Рамос е најдобриот дефанзивец во светот, и вели дека потегот да го повреди Салах во финалето од Лигата на шампионите е мајсторија.

Шпанија

За контроверзен беше оценет стартот на Серхио Рамос врз Мохамед Салах рано во финалето од Лигата на шампионите во сезоната 2017/18, кое го доби Реал Мадрид со 3-1. Ливерпул остана без клучниот играч, а кралскиот клуб стигна прилично лесно до трофејот.

„Рамос е најдобриот дефанзивец во светот“, вели Кјелини во автобиографијата.

„Некои велат дека е импулсивен, дека не е тактичен, дека 8-10 голови во сезоната се примаат поради негови грешки, дека е голем техничар, дека требало да биде напаѓач, но јас мислам поинаку од тие“.

„Тој има две карактеристики кои речиси никој ги нема. Знае како да одлучи големи натпревари со интервенции кои се надвор од секоја логика, дури има случаеви кога повредувал некој“.

„Тоа што му го направи на Салах во финалето на Лигата на шампионите во 2018 беше мајсторија. Тој постојано велеше дека не било намерно но знае дека при таков пад, кога не го пушта противникот, сигурно ќе му ја скрши раката во девет од десет обиди“.

Џорџо Кјелини исто така смета дека без Серхио Рамос на теренот, останатите дефанзивци на Реал изгледаат како мали деца, и како пример го посочи реваншот против Ајакс, кога клубот од Амстердам го шокираше фаворитот среде Бернабеу.

„Силата која ја пренесува со самото присуство на теренот е неверојатна. Без Рамос на теренот, шампиони како Варан, Карвахал и Марсело изгледаат како мали деца. Без Рамос, Реал станува тим кој нема одбрана . Со него на Бернабеу, Реал немаше да претрпи таков пораз со три гола од Ајакс. Можам да се обложам во тоа“.