24фудбал

„Фудбалерите не сакаат да играат? Прашајте било кој на улица дали сака да игра за 60.000 фунти неделно ќе ви каже ДА“

Неименуван директор на клуб од Премиерлигата вели дека фудбалерите кои одбиваат да тренираат и да играат не треба да добијат плата, и верува дека за сумите кои фудбалерите ги заработуваат, секој друг би прифатил да истрча на терен.

Англија

Клубовите од Премиерлигата денеска ќе имаат нов состанок на кој ќе треба да падне одлука за продолжување со тренинзите. За почеток тренинзите ќе се одиваат во мали групи (не повеќе од пет играчи) и под строго контролирани услови, но и покрај тоа, голем број на играчи не сакаат да се вратат на тренинг стравувајќи за своето здравје.

Фудбалерот на Челси, Вилијан неодамна откри дека повеќе од половина од фудбалерите се против идејата да се вратат на тренинг.

Неименуван директор на клуб во разговор со Скај Спортс вели дека оние кои ќе одбијат да истрчаат на терен не треба да добијат плата.

„Мислам дека не треба да добијат плата. Не знам какви се договорите и што пишува во нив, но сметам дека не треба да добијат плата доколку не сакаат да тренираат“ - вели директорот.

„Прашајте било кој на улица дали сака да тренира и да игра фудбал против луѓе кои ќе бидат тестирани два пати недело, дали ќе го прави тоа за 60.000 фунти неделно, сите ќе ви кажат ДА“.