24фудбал

Видео повик од Франција го руши договорот помеѓу Барса и Пјаниќ?

Барселона беше пред договор за трансфер на Миралем Пјаниќ од Јувентус, но работите може да се променат откако конкретен интерес пројави и ПСЖ.

Франција

Каталонските медиуми се уверени дека Пјаниќ ќе заврши на Камп Ноу. Се пишуваше дека тој веќе има договор со Барселона, но проблем за реализација на трансферот беше Артур Мело кој требаше да отиде во Јувентус но не сакаше да го напушти Камп Ноу.

Додека Барселона и Јувентус бараат решение како да се реализира трансферот на Пјаниќ, „Ле Паризиен“ тврди дека босанскиот фудбалер добил повик од ПСЖ.

Во видео повик, директорите на ПСЖ му презентирале конкретна понуда на Пјаниќ која била прилично уверлива.

Ако ја прифати понудата од ПСЖ, тоа ќе биде враќање на Пјаниќ во Франција. Тој настапуваше и за младинските категории на Мец, па дебитираше за сениорскиот тим на овој клуб од каде се пресели во Лион. Следни дестинации за него беа Рома и сега Јувентус.