24фудбал

Таткото на Рејес се уште е скршен од тага: Од дома излегувам само да одам до неговиот гроб.. секој ден во 9 часот

Таткото на Хосе Антонио Рејес на медиумите од Шпанија им откри дека тој и неговата сопруга се уште се скршени од тага и не можат да се помират дека напаѓачот повеќе не е меѓу нив.

Шпанија

На 1. јуни се навршува една година од трагичниот настан која ја потресе фудбалска Шпанија. На пат кон својот дом, Хосе Антонио Рејес загуби контрола над автомобилот и загина во сообраќајна несреќа.

Неговите родители се уште се скршени од тага. Мајка му постојано седи дома, а татко му излегува само за да го посети гробот.

„Не можете ниту да замислите како се чувствувам. Излегувам само за да одам до неговиот гроб... секој ден во 9 часот наутро. Мојата сопруга загуби 40 килограми, воопшто нема излезно од дома, нути до улица. Секој ден размислуваме на тоа што се случи“ – раскажува Пако Рејес.

„Немам гледано ниту еден фудбалски натпревар. Го гледав само оној на Екстрамадура на кој му оддава почест на мојот син. Не можам да го гледам ниту дербито со Бетис. Деновите кога се игра фудбал се најтешки за мене, тогаш боли најмногу. Севиља за него беше се“.