24фудбал

Салах на тренинг со пукната шофершајбна на својот автомобил (ФОТО )

Не е позната причината за тоа како настанала штетата на автомобилот на ѕвездата на Ливерпул, а се чини дека тој нималку не е загрижен за оваа ситуација.

Англија

Првата ѕвезда на европскиот првак Ливерпул, Мохамет Салах се појави во едно мошне необично издание на тренингот на Ливерпул денеска.

Египјанецот се појави на тренинг центарот на клубот со своето возило чија шофершајбна беше пукната, а медиумите на Островот не се запознаени со конкретните причини за тоа како настанало сево ова.

Салах има неколку луксузни автомобили во својата гаража, како Ламборџини, Бентли и Мерцедес Бенц, меѓутоа се чини дека Египјанецот не изгледа загрижен за пукнатината од шофершајбната на својот автомобил.

Фудбалерите во Премиерлигата денеска се вратија на тренинзите како дел од првата фаза од т.н. „Проект Рестарт“, која следеше по видео конференциската средба помеѓу 20те клубови и официјални претставници на истите.

Фудбалерите и стручните штабови беа тестирани за коронавирусот во неделата и понеделникот, а тренинзите продолжија со помали групи на терените.