24фудбал

Градот Скопје нема намера да ги враќа долговите на Самсоненко, потребни се два милиони евра за спас на Вардар

Во дебатна емисија на „ТВ21“, градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека градот може да го прифати клубот Вардар назад само без долгови, а тие во моментов изнесуваат над два милиони евра.

Македонија

Ситуацијата во Вардар е неизвесна и треба брзо да се реагира за клубот да ги подмири долговите и да ја добие потребната лиценца за натпреварување во Европа.

Сергеј Самсоненко се повлече од Вардар и остави многу малку време до крајниот рок за да се реши ситуацијата. Во дебатна емисија со Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ кој е и поранешен играч на клубот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека клубот не може да биде вратен на градот со долгови.

„Во овој момент она што кај го имам како сознание ФК Вардар е должен, односно сопственикот на Вардар е должен над два милиони евра. Секој добар совет како да влезат кој што ќе значи влез на два милиони евра во касата на ФК Вардар јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин како да му се дадат на Самсоненко два милиони евра за да ги врати долговите и да го спасиме Вардар, јас сум прв што ќе ви подадам рака. Вардар може да биде вратен на градот само со нула долгови, онака како што Сергеј Самсоненко го зеде пред шест години“, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во ТВ21.

Вардар може да ја добие лиценцата само ако во последен момент се најде јунак кој ќе ги исплати долговите. Дали ќе има таков, наскоро ќе дознаеме бидејќи нема многу време до одлучувањето за лиценците.