24фудбал

Во Серија А, фудбалерите нема да можат да протестираат кај судиите за време на Ковид-19 кризата

Протоколот за натпреварите од Серија А за време на коронавирус кризата е финализиран, опфатени се дури и најситните детали кои можат да се замислат.

Македонија

Весникот „Ил Темпо“ отркива дека протоколот е на 36 страни и опфаќа и повеќе детали отколку што некој може да замисли.

Очекувано, забрането е фудбалерите да излегуваат со дечиња (маскоти) на теренот, нема да има ниту групни фотографии на екипите пред почетокот на мечот, исфрлено е и вообичаеното ракување на капитените и судиите.

Фудбалерите нема да смеат да протестираат на одлуките на судиите или ако имаат нешто да им кажат тоа треба да биде од далечина најмалку 1,5 метри.

На клупите за резервни играчи фудбалерите ќе бидат на одалеченост, дел од нив ќе седат и на трибините.

Една од поголемите нелогичности е тоа што загревањето пред мечот треба да биде на физичка одалеченост меѓу фудбалерите со вежби на играчите на различни делови од теренот.

Во текот на мечот играчите ќе имаат безброј дуели на теренот кои ќе бидат проследени и со меѓусебни допири, па јасно е дека седењето на клупа на дистанца и загревањето на одалеченост е само шминка, а не и мерка која реално ќе направи разлика.

Новинарите кои ќе бидат присутни на мечевите ќе треба да пополнат прашалник за симптомите и ќе им биде измерена температура.