24фудбал

Мурињо по една декада откри што му шепнал на уво на Гвардиола на реваншот помеѓу Барса и Интер

Жозе Мурињо се потсети на готувањето на Камп Ноу во полуфиналето од Лигата на шампиони во сезоната 2009/10, вели дека цела клупа на Барселона славела како да победиле кога Тиаго Мота бил исклучен.

Лига на Шампиони

На овој ден пред десет години, Интер го совлада Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампиони и стигна до историската „триплета“ откако претходно го освои Скудетото и стигна до трофејот од Купот на Италија.

По овој повод, Жозе Мурињо седна на разговор со Газета дело Спорт. „Специјалниот“ се потсети на гостувањето на Камп Ноу во полуфиналето. Интер отпатува во Шпанија со предност од 3-1, но набрзо влезе во проблеми откако Серхио Бускетс добро одглуми а Тиаго Мота беше исклучен.

Пеп Гвардиола веднаш го повика Златан Ибрахимовиќ да му даде совет, а Жозе Мурињо им пријде на двајцата и му шепна нешто на својот колега.

„Кога Бускетс падна како покосен, видов како клупата на Барса почна да слави. Пеп Гвардиола веднаш го повика Златан Ибрахимовиќ да му даде нови иструкции за тоа како ќе играат 11 против 10. Јас пријдов и му кажав, „Немојте да славите, натпреварот не е завршен““ - вели Португалецот.

Откако остана со играч помалку, Интер жестоко се бранеше, Барса го скрши отпорот преку Пике дури во 84. минута но голот не беше доволен.

„Сите зборуваат за тоа колку дефанзивно одиграл Мурињо на Камп Ноу. Ние победивме со 3-1 на првиот натпревар, па заслуживме да бираме како ќе играме на реваншот. Исто така, Пандев се повреди на загревањето, планот беше тој да стартува, но останавме без него. Во спротивно, во почетните единаесет ќе беа Ето, Милито, Пандев и Снајдер, што не е дефанзивно“.