24фудбал

На денешен ден пред десет години Пандев го крена трофејот од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Пред точно една деценија Горан Пандев се искачи на врвот на Европа, македонскиот капитен со Интер ја освои Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

На денешен ден пред десет години на Сантијаго Бернабеу се одигра финалето од Лигата на шампионите меѓу Интер и Баерн Минхен кое го добија нероазурите со 2-0.

Мурињо го предводеше италијанскиот клуб до историската тројна круна а потоа остана во Мадрид каде потпиша за Реал.

Но за нас поважно е дека Горан Пандев ја освои Лигата на шампионите. Македонецот имаше значаен доприност во тимот на Мурињо за остварување на огромниот успех.

Пандев стана третиот Македонец кој станал европски клупски шампион, претходно тоа го направија Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена звезда.