24фудбал

Канте стравува од последици од коронавирусот, Челси ќе го поштеди?

На Островот пишуваат дека клубот од Лондон ќе му дозволи на Французинот да биде поштеден за остатокот од актуелната сезона, а тоа се должи поради загриженост кај фудбалерот од коронавирусот.

Англија

Челси се подготвува да му даде зелено светло на својот фудбалер НГоло Канте да го пропушти остатокот од актуелната сезона, доколку Французинот стравува од коронавирусот, пишуваат на Островот.

Фудбалерот од средниот ред на Премиерлигашот се појави на тренинзите во предвиденото враќање од т.н. „Проект Рестарт“, помина и низ фазата на тестирање за Ковид-19, но остана дома поради загриженост за своето здравје во пандемијата.

Канте претходно имаше проблеми со здравјето, а го загуби и својот брат кој имаше срцев напад, „Сан“ известува дека Челси ќе го поштеди својот фудбалер кому ќе му биде дозволено да биде ослободен од клупските обврски, и тоа дури тој посака да се врати.

Нема дилеми дека постои загриженост кај фудбалерите на Островот да се вратат на клупските обврски поради пандемијата од вирусот, иако штом слушнаа за кратење на платите беа мошне гласни спротиставувајќи се на таа идеја, а канцеларијата на националната статистика на Островот наведе дека црномурестите мажи и жени се под двојно поголем ризик од смрт од Ковид-19 отколку другите.