24фудбал

Јувентус почна преговори со Рајола за Погба

Од Франција додаваат и дека „омекнал“ интересот на Реал Мадрид за ангажман на ѕвездата на Манчестер јунајтед, што целосно го отвора патот на Јувентус во обидите да го ангажира својот поранешен фудбалер.

Италија

Француски „Ле10спорт“ известува дека италијанскиот првак Јувентус веќе почнал преговори со контроверзниот агент Мино Рајола околу можноста за трансфер на неговиот клиент, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Погба токму од редовите на „Старата дама“ се пресели во Манчестер јунајтед, а сега е на прагот да се врати во Торино, каде котира мошне високо на листата на желби кај тој клуб, каде постои огромен интерес во обидите да го вратат во тимот.

„Ле10спорт“ пишува дека преговорите веќе се започнати, а шпекулациите за оваа тема се шират низ медиумите неколку месеци, исто така, медиумот додава дека 27 годишниот фудбалер од средниот ред се уште има симпатии кон Јувентус, а има и некои дилеми околу неговата одлука за трансферот во Манчестер јунајтед во 2016. година.