24фудбал

Девојка на ѕвезда од Премиерлигата во проблеми, полицијата на аеродромот зачудена од тоа што го „шверцувала“

Ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш купи куче од близу 30 илјади фунти, со високо ниво обученост да го чува домот, а на Островот сега дојдоа и до други идеи за самозаштита откако фудбалерот на Тотнем, Деле Али доживеа грабеш пред свои очи од лица во маски.

Англија

Неименувана девојка на ѕвезда од Премиерлигата била фатена како „шверцува“ одредени недозволени предмети од страна на редарската служба при аеродромот „Бигин Хил“ во Лондон, односно полицијата, по нејзиниот приватен лет од Европа во неделата навечер.

„Сан“ пишува дека станува збор за девојка која е мошне позната на социјалните мрежи (Инстаграм), а воедно му е девојка на англиски фудбалер, таа со себе носела илегално оружје, и тоа за самозаштита.

Девојката заплакала по конфронтацијата со граничната полиција на аеродромот во Лондон, откако најпрво се обидела да ги сокрие пиштолот за зашеметување (мошне моќно оружје за електро-шок), но и палка.

Се чини дека таа е мошне наивна што смета дека ова е во ред да го носи со себе пиштолот во Велика Британија, за сопствена сигурност, таа веројатно е дека нема никаква идеја дека поседувањето такво оружје е мошне сериозен проблем“ велат тамошните служби.

Поседувањето на таков пиштол може да и донесе големи проблеми со законот на девојката, првично се верува дека би можела да биде казнета со шест месеци затворска казна, а максимум парична казна од 5,000 фунти, носењето палка со себе исто така е противзаконски.