24фудбал

Мурињо: Кога и по 10 години се слушате со човек кој беше шофер, замислете каква хемија имаше во тој Интер!

Жозе Мурињо вели дека во „неговиот“ Интер имало атмосфера како во ниту еден друг клуб, Португалецот открива дека и по десет години се слуша со човек кој бил шофер во клубот од Милано.

Италија

„Специјалниот“ помина само две години на Џузепе Меаца, но тие оставија голем белег во неговата кариера.

„Го давам најдоброто од себе кога се чувствувам како дома, кога можам да ги почувствувам емоциите на целата група... тогаш давам 200%, го оставам срцето“ - вели „специјалниот“.

„Затоа на 22. мај во Мадрид, имав прилика да искусам колку среќни беа другите, од претседателот Масимо Морати, до луѓето кои работат во магацинот. Обично прво мислев на себе, па потоа на другите, но во Интер не беше така“.

„Кога имате семејство и ќе станете татко, сфаќате дека некој друг е поважен од вас и дека вие сте во втор план“.

„Десет години подоцна, уште сме заедно. Пред некој ден се слушнав со Алесио. Тој беше шофер кога јас бев во Интер. Во кој клуб има нешто такво, тренерот што си заминал, десет години подоцона да разговара со шоферот? Никаде. Ете таква хемија имаше во тој Интер“.

Мурињо исто така вели дека знал да биде строг кога тоа го налагала ситуацијата.

„Видете, има различни односи. Јас тренирам, ти играш. За емпатија потребно е да ме прифатите таков како што сум, а јас сум оргинален, не сум копија. Тоа ви е како сложувалка“.

„Во Интер имаше многу луѓе кои чекаа некој како мене за сложувалката да биде комплетна“.

„Знаев да бида и строг и груб. По поразот во Бергамо (од 3-1 во јануари 2009) збеснав, им кажав дека стигнале до Скудетото со лоши игри. Набрзо сфатив дека ги повредив, не бев свесен за работите кои се случувале претходно, па се извинив“.