24фудбал

На Баерн не му се плаќаат 120 милиони евра: Не ја искористивме опцијата за купување на Кутињо

Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге откри дека решиле да не ја активираат опцијата за ангажман на Филипе Кутињо, но не ја затвори вртата за останување на Бразилецот.

Германија

Филипе Кутињо минатото лето се пресели на Алианц Арена на позајмица до крајот на сезоната, а Баерн доби опција во целост да го купи играчот за 120 милиони евра.

„Баварците“ со месеци беа на два ума, а одлуката им ја олесна пандемијата од коронавирус. 120 милиони евра се премногу во вакво кризно време, па лидерите на клубот од Минхен решија да не ја искористат опцијата.

Веста ја потврди Карл Хајнц Румениге, кој сепак не ја затвори вртата за останување на Бразилецот, секако под друг услови.

„Опцијата истече и ние не ја активиравме“ - вели претседателот на Баерн. „Ќе почнеме да кроиме планови за следната сезона и ќе видиме дали играчот и понатаму ќе има некаква улога во составот или не“.