24фудбал

За некои е некоректно да се зборува за играчи од други клубови, но тренерот на Барса тоа го прави без срам

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен смета дека Нејмар, Лаутаро Мартинез и Миралем Пјаниќ одлично би се вклопиле во неговиот тим.

Шпанија

Многу од тренерите одбиваат да зборуваат за играчи од други клубови, сметајќи дека тоа е некоректно, но еден од нив не е тренерот на Барселона, Кике Сетиен, тој зборуваше за Нејмар, Лаутаро Мартинез и Пјаниќ.

„Би сакал да можам да му бидам тренер на Нејмар, тој е фантастичен фудбалер. Да бидам искрен си го исполнив сонот со тоа што сум му тренер на Меси, но апсолутно би бил пресреќен доколку Нејмар дојде тука“, вели Сетиен.

„Лаутаро е фудбалер кој може да биде многу добар за овој тим, како и останати играчи кои се на негово ниво“.

„Пјаниќ е одличен фудбалер иако има и други големи играчи кои ги читаме во весниците секој ден“.

Изјавите од одреден тренер за играчи од други клубови се толкуваат како дополнителен притисок за трансфер на овие фудбалери, токму затоа ваквите изјави се сметаат за некоректни и неспортски во фудбалскиот свет.