24фудбал

Интер кажал НЕ на понудата од ПСЖ и ги одредил условите под кои ќе направи компромис за Икарди

Медиумите од Италија пренесуваат дека Интер го одбил предлогот на ПСЖ за Мауро Икарди вреден 50+10 милиони евра, „нероаѕурите“ бараат загарантирани 60 милиони плус бонуси.

Италија

„Светцитe“ до крајот на месецов имаат опција во целост да го купат Мауро Икарди за 70 милиони евра. Раководството на клубот од Париз се обидува да ја искористи пандемијата на коронавирус за да добие попуст, и синоќа беше пренесено дека ПСЖ испратил понуда вредна 50 милиони евра, плус додатни 10 милиони во бонуси.

Неколку извори од Италија утрово пренесуваат дека предлогот веднаш бил одбиен.

„Нероаѕурите“ се подготвени на мал компромис, односно бараат загарантирани 60 милиони евра плус бонуси, со кои би се стигнало до првично договорената сума од 70 милиони евра.

ПСЖ за позајмицата на Муаро Икарди веќе одвои 13 милиони евра, плус во целост ја покрива платата на Аргентинецот.

Јувентус и Наполи сакаат да го видат голгетерот во своите редови, а доколку ПСЖ реши да ја искористи опцијата и веднаш да го продаде во Италија, ќе треба да му доплати плус 15 милиони евра на Интер.