24фудбал

Сопругата на Колашинац уапсена на аеродром, полицијата имала разбирање па поминала со опомена наместо затвор

Медиумите од Англија пишуваат дека сопругата на Сеад Колашинац е девојката која била уапсена на аеродром во Лондон за шверцување оружје, полицијата имала разбирање па таа поминала со опомена наместо затвор.

Англија

Синоќа беше објавено дека сопруга на познат фудбалер од Премиерлигата била фатена како шверцува оружје на аеродромот „Бигин хил“ во Лондон. Таа пристигнала со приватен авион, не пријавила ништо, но кога била извршена контрола, полицијата пронашла пиштол за зашеметување.

Медиумите од Англија сега појаснуваат дека се работело за Бела Колашинац, сопруга на левиот бек на Арсенал, Сеад Колашинац.

За ваков престап, може да се добие затворска казна од шест месеци, но полицијата имала разбирање па таа поминала со опомена.

Сеад Колашинац заедно со Месут Озил беа мета на крадци и имаа сериозни проблеми и закани по нивните животи. По овој инцидент, Бела Колашинац од страв избега во Германија, таму го набавила пиштолот за зашеметување за сопствена заштита и извадила дозвола за носење.

Сепак, таа не знаела дека во Велика Британија е илегално да се носи ова оружје. Кога и било соопштено дека прави сериозен прекршок, таа се расплакала.