24фудбал

Трагедија во Белград, се самоуби поранешен српски репрезентативец

38-годишниот фудбалер Миљан Мрдаковиќ си го одзема животот откако во својот став во Белград си испукал куршум во главата.

Останато

Српските медиуми информираат за трагичен настан во Белград, Миљан Мрдаковиќ кој има настапи и за српската репрезентација се самоубил.

Во неговиот стан тој седнал на својот кревет пред неговата девојка, и рекол „не можам повеќе“, го земал пиштолот и си пукал во главата.

Неговата девојка која била во шок од настанот повикала полиција и брза помош, но тие само констатирале смрт.

Се уште не е позната причината поради која фудбалерот одлучил да си го одземе животот.

Дел од клубовите на Мрдаковиќ каде што играше се Андерлехт, Гент, Салцбург, Макаби Тел Авив, ОФК Београд, Виторија Гимараеш, АЕК Ларнака, Војводина...