24фудбал

Гигс одбра дрим тим на Јунајтед од шест фудбалери, во тимот нема место ниту за него (ФОТО)

Рајан Гигс ја одбра најдобрата шесторка на Манчестер јунајтед во периодот во кој играше и тој, за него не најде место во тимот.

Англија

Во тимот на Гигс, голман е Питер Шмајхел, а покрај него таму се и Јап Стам, Рој Кин, Пол Сколс, Вејн Руни и Кристијано Роналдо.

Покрај Гигс, во тимот ги нема ниту играчите како Дејвид Бекам, Гери Невил, Ерик Кантона...

Според него, најдобар играч со кој играл е Кристијано Роналдо.

„Најдобар фудбалер со кој сум играл е Кристијано Роналдо. Јасно е дека тој не беше тука многу долго време но беше брилијантен за Манчестер јунајтед, а потоа стануваше уште подобар“, вели Гигс.