24фудбал

Игуиан: Не сакам да сум во кожата на Лаутаро, игра за голем клуб како Интер но како да кажете НЕ на Меси и Барса

Гонзало Игуаин ги прокоментира гласините за трансфер на Лаутаро Мартинез на Камп Ноу, признава дека ќе биде тешко да се каже НЕ кога ќе се јават Лео Меси и Барселона.

Италија

Лаутаро Мартинез со месеци силно се поврзува со преселба во Барселона, се верува дека тој веќе се има договорено со „каталонците“ и останува уште двата клуба да пронајдат заеднички јазик за формулата под која ќе се реализира зделката.

Гонзало Игуиан вели дека не сака да биде во кожата на својот сонародник, свесен е што значи понуда од шпански великан откако тој самиот како тинејџер се пресели во Реал Мадрид.

„Кога јас на 18 години добив понуда од Реал Мадрид, не можев да им кажам „не благодарам“. Ситуацијата е комплицирана“ – вели Пипита.

„Не сакам да креирам контроверзија, но кога ќе добиете повик од Барселона, плус таму го имате Меси... не сакам да сум во кожа, ќе биде тешко да каже НЕ. Самиот треба да реши што сака, што е најдобро за него и неговата кариера“.

„Тој веќе е важен играч на голем клуб како Интер и покрај тоа што е млад. Веќе играше на Копа Америка, постигнува погодоци и без сомнеж има се што треба за да бидам главна 9-ка на Аргентина“.