24фудбал

Од Борусија Дортмунд потврдија дека Геце си заминува, три клуба од Италија се заинтересирани за него

По четири години откако се врати во дресот на „Милионерите“ по претходниот трансфер во ривалот Баерн Минхен, Геце и дефинитивно си заминува повторно од тој клуб, веројатно е дека негова следна дестинација е Италија.

Германија

Од Борусија Дортмунд потврдија дека Марио Геце ќе си замине од клубот ова лето, и тоа како слободен играч на трансфер пазарот, за него сериозен интерес постои од три клуба во Серија А, па се чини дека извесно е дека 27 годишниот Германец би продолжил во тоа првенство.

Марио ќе си замине летово, ова е одлука која ја донесоа обете страни откако дискутираа за ситуацијата, Марио е навистина одлично момче“ изјави директорот на „Милионерите“, Мајкл Зорц за „Скај Спортс“.

Се верува дека фаворит за потписот на Геце е Милан, меѓутоа за неговите услуги постои интерес уште и од двата лути градски ривали од Рим, Лацио и Рома.

Кариерата на Геце доживеа голем пад поради повредите кои го следеа подолг период, иако големи беа очекувањата од него, сезонава на 14 настапи во Бундеслигата, успеа да запише три погодоци зад своето име.