24фудбал

Лажни звуци од трибините за посебен шмек во враќањето на фудбалот во Унгарија (ВИДЕО)

По двомесечна пауза продолжија фудбалските возбудувања во најсилниот унгарски фудбалски шампионат, лидерот и актуелен бранител на титулата Ференцварош со пресврт до посакуваните три бода.

Останато

Унгарското фудбалско првенство се врати на програмата денеска по паузата поради пандемијата од коронавирусот која траеше од 14. март, па така лидерот Ференцварош славеше со 2-1 над Дебрецен на свој терен.

Како што е предвидено и во другите првенства, така и во Унгарија мечевите ќе се играат без присуство на публика, меѓутоа Унгарците мошне иновативни за атмосфера на натпреварите, па така пуштија лажни звуци од трибините, каде имаше 5,000 картонски лица на навивачи.

Портретите на навивачите на трибините, како и потикнувањето од страна на навивачите од звучниците ни даде голема поддршка денеска“ пишува Ференцварош на својот вебсајт.

Што се однесува до мечот, гостите први дојдоа во водство со голот на Боди во 13. минута, меѓутоа со двата гола на Сигер, најпрво во 22., а потоа и во 42. минута, Ференцварош дојде до посакуваните три бода, а се зацврсти на лидерската позиција на табелата со шест бода предност во однос на Фехервар.

Кога сме веќе за овие лажни звуци од трибините за атмосфера на натпреварите, на Островот шпекулираат дека имателите на ТВ правата за натпреварите од Премиерлигата сериозно размислуваат за оваа опција да им ја понудат на гледачите, кои би имале опција преку својот далечински управувач.