24фудбал

Баерн Минхен пет пати ја тресеше мрежата на Ајнтрахт (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Ајнтрахт Франкфурт одиграа интересен натпревар со седум голови кој го добија Баварците со 5-2.

Германија

Денешниот ден во Бундеслигата заврши во голем стил, Баерн Минхен дојде до убедлива победа против Ајнтрахт но во еден момент и не им беше пријатно.

Баварците беа тимот кој доминираше, а резултатот го отвори Горецка во 17. минута, пред крајот на првиот дел Милер погоди за 2-0.

Само по неколку секунди игра во второто полувреме Левандовски даде гол за убедливо водство од 3-0.

Но потоа следуваа моменти на Ајнтрахт во главната улога беше Хинтерегер кој погоди во 52. и 55. минута со што намали на 3-2.

Во тие моменти се почувствува мала загриженост кај Баерн дека победата им е загрозена, но тоа не траеше долго, Дејвис во 61. минута погоди за 4-2.

Конечните 5-2 ги постави Хинтерегер, но овој пат топката ја смести во сопствената мрежа.