24фудбал

Барди гори од желба за враќање на терените, атракција на Македонецот на тренингот на Леванте (ВИДЕО)

Енис Барди очигледно е нестрплив за враќање на терените, Македонецот на тренингот на Леванте ги воодушеви соиграчите со атракција и ножички за поен во „три на три" преку мрежа.

Македонија

По два месеци пауза поради пандемијата од коронавирус, фудбалерите во Шпанија полека се вратија на тренинг и десетина дена работат на својот фитнес. И додека некои се претпазливи и стравуваат за своето здравје, нашиот Енис Барди покажа дека гори од желба за фудбал.

Македонецот на последниот тренинг на Леванте ги воодушеви соиграчите со атракција и ножички за поен во „три на три“ преку мрежа.