24фудбал

Како Мурињо го убедил Фабрегас да се пресели во Челси: Го нацрта стартниот состав и рече, овој тим ќе ја освои Премиерлигата!

Сеск Фабрегас раскажа како бил убеден од страна на Жозе Мурињо да ја напушти Барселона и да се пресели во Челси, „специјалниот“ го нацртал стартниот состав и порачал дека тоа е тимот кој ќе ја освои Премиерлигата.

Англија

Во 2014, Сеск Фабрегас беше принуден по втор пат да ја напушти Барселона откако не се снајде најдобро на Камп Ноу и не ја доби улогата која ја очекуваше. Шпанецот реши да се врати во Лондон, но не во Арсенал, туку во градскиот ривал Челси.

Жозе Мурињо одиграл клучна улога, фудбалерот од средниот ред сега раскажа како „специјалниот“ го убедели да ја одбере сината боја.

„Мурињо можеби има еден систем, но многу добро работи на тој систем. Носи конкретен играч за тој перфектно да се вклопи во системот“ – вели Шпанецот.

„Кога прв пат се сретнав со него, ми рече, „Потребни ми се двајца играчи, ќе го купам Диего Коста и ако ти ми се придружиш...“ потоа го нацрта стартниот состав на лист хартија и порача, „Овој тим ќе ја освои Премиерлигата“. Тибо Куртоа исто така се врати, но ако не бранеше тој на голот ќе стоеше Петр Чех, што е исто. Но тој знаеше што сака, „Ми требаат само двајца играчи, Диего, кој е практично потпишан и ако дојдеш ти, ќе станеме шампиони““.

Португалецот останал доследен на зборот, Челси таа сезона доминираше и стигна до титулата, а Сеск Фабрегас конечно го подигна трофејот од Премиерлигата во деветиот обид.

„Брзо сфатив дека Жозе е тренерот кој најдобро знаеше да ми влезе во глава. Тој е одличен тренер за големи фудбалери. Многу работи на психолошката страна, знае како да ве мотивира. Еден ден, бевме во одлична серија во првенството и добив порака од Мурињо. Очекував да ми каже колку сме добри, како сме играле убаво... наместо тоа, тој ми порача, „Денеска бевте за никаде“. Ете така си поигрува со вас“.