24фудбал

Кјелини негира дека имало тепачка во соблекувалната во Кардиф: Бевме изморени, Манџо и Пјаниќ не моежеа да одат

Џорџо Кјелини ги негира гласините за тепачка во соблекувалната на Јувентус во финалето од Лигата на шампиони во 2017, вели дека во продолжението од мечот биле поинаков тим бидејќи ги стигнал заморот.

Лига на Шампиони

Пред три години, Јувентус се сретна со Реал Мадрид во Кардиф во финалето од Лигата на шампионите. „Кралевите“ го отворија резултатот со голот на Роналдо, но „бјанконерите“ брзо се вратија, Манџукиќ изедначи на 1-1.

Сепак, Реал Мадрид доминираше во второто полувреме и на крајот стигна до убедлива победа од 4-1. Јувентус во продолжението од мечот не беше истиот тим, па низ медиумите имаше најразлични гласини.

Се шпекулираше дека на паузата имало жестока расправија во соблекувалната, а дури дошло и до сериозен инцидент и тепачка. „Ла стампа“ пишуваше дека Бонучи го удрил Дибала,  дефанзивецот исто така имал конфротација и со партнерот од одбраната, Барзаљи.

Во својата книга, Џорџо Кјелини се осврна и на оваа контроверзија, вели дека немало тепачка, едноставно тие биле уморни и не можеле да му парираат на противникот.

„Многу се зборуваше за фамозното финале во Кардиф и поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампиони. Ништо чудно не се случи. Едноставно бевме уморни“ – објаснува дефанзивецот.

„Зошто да престанеме да се бориме по паузата? Беше 1-1, не губевме со 3-0. Па и да губевме, немаше да престанеме да се бориме“.

„Изгубивме бидејќи бевме истоштени. Снемавме сила по првото полувреме, Манџукиќ не можеше да оди, исто беше и со Пјаниќ. Двајцата добиваа третман од физиотерапевтите додека тренерот делеше совети. Останавме без здив. Сакавме да победиме, но на крај заврши драматично“.