24фудбал

„Требаше да потпишам за Атлетико но трансферот пропадна поради 4 милиони, сакав да умрам!“

Папу Гомез открива дека во 2013 требал да се пресели во Мадрид, но Атлетико немал доволно пари па му пропаднала можноста повторно да соработува со својот сонародник Диего Симеоне.

Шпанија

Папу Гомез денеска е капитен на Аталанта, еден од најдобрите играчи на клбот од Бергамо, но неговата кариера можела да има сосема поинаков тек. Напаѓачот открива дека во 2013 бил трансфер желба на Диего Симеоне, Атлетико Мадрид доставил понуда за неговите услуги, но Катанија не отстапила од бараните 10 милиони евра и трансферот пропаднал.

„Во текот на летото, бев на ручек со Диего Симеоне во Аргентина и тој ми кажа дека сака да ме купи, дека кога ќе се врати во Мадрид ќе побара од раководството на Атлетико да ме ангажира. Во тоа време, Атлетико немаше многу пари, па понудија 6 милиони евра. Катанија не сакаше да слушне за помалку од 10 милиони евра. На крајот трансферот пропадна, не ме продадоа, па сакав да умрам“ – раскажува Папу Гомез, кој шест месеци соработуваше со Диего Симеоне во Катанија во сезоната 2010/11.

Тоа лето, Аргентинецот се пресели во Украина, Металист пронајде заеднички јазик со Катанија и напаѓачот заврши во Харков. Сепак, неговата авантура траеше кратко, настана воен конфликт во земјата, па Папу Гомез избега и се врати во Италија, во редовите на Аталанта.