24фудбал

Причината поради која Перез одбил да го донесе Левандовски во Реал за само 20 милиони евра

Реал Мадрид имал прилика да го ангажира Роберт Левандовски за 20 милиони евра, сепак Флорентино Перез не сакал да влезе во војна со Баерн Минхен и се откажал од намерата да го ангажира Полјакот.

Шпанија

Во изминативе години, името на Роберт Левандовски често се поврзуваше со Реал Мадрид. Според пишувањата на АС, Полјакот најблиску бил до „Сантијаго Бернабеу“ во 2014 година.

„Кралевите“ можеле да го ангажираат напаѓачот за само 20 милиони евра, но Флорентино Перез не дал зелено светло.

Имено, Роберт Левандовски имал пред-договор со Баерн Минхен, и за да го раскине, требал да плати оштета од 20 милиони евра. Неговиот агент го известил Реал дека се подготвени ги откачат „баварците“ и да се преселат во Мадрид доколку „кралевите“ ја искешираат оваа сума.

Флорентино Перез сепак сметал дека ова е лош потег кој ќе значи влегување во војна со Баерн Минхен, па решил да седи мирен.