24фудбал

Премиерлигашите дадоа зелено светло за втората фаза, за утре е закажан клучен состанок

Клубовите од Премиерлигата едногласно дадоа зелено светло за втората фаза, ќе може да се тренира во поголеми групи и да се прават стартови, но со препорака секогаш кога ќе може да се избегнува близок контакт.

Англија

Нов чекор кон ре-старт на сезоната во Премиерлигата, клубовите утрово имаа состанок на кој едногласно дадоа зелено светло за имплементација на втората фаза.

Тоа значи дека ќе може да се тренира во поголеми групи и да се прават стартови, но со препорака секогаш кога ќе може да се избегнува близок контакт.

Следната недела ќе треба да се одлучива за фазата три, а во меѓувреме, за утре е закажан клучен состанок.

На агендата ќе бидат неколку важни прашања, како датум за ре-старт, ТВ распоредот а ќе се зборува и за план Б во случај сезоната да не може да продолжи.

Првичната идеја беше сезоната да продолжи на 12. јуни, но како одминува времето, се појасно е дека фудбалот нема да се врати на овој датум. 19. јуни е многу пореална опција, иако не се исклучува и можноста ре-стартот да биде на 26. јуни.