24фудбал

Попаметниот попушта: ФФШ ја доби Ла Лига на суд но во знак на добра волја дозволи фудбал во петок и понеделник

Фудбалската федерација на Шпанија ја доби правната битка со Ла Лига за фудбалски натпревари во петок и понеделник, но и покрај тоа даде зелено светло за користење на овие термини во продолжението од сезоната.

Шпанија

ФФШ и Луис Рубиалес сметаат дека фудбал во петок и понеделник не е по мерак на навивачите, па ги забранија овие термини. Одлуката не и се допадна на Ла Лига, Хавиер Тебас сака што повеќе натпревари да бидат емитувани за повеќе пари и побогати ТВ договори, па поднесе жалба.

Додека се одвиваше процесот, привремено беше одлучено да има фудбал во петок, но не и во понеделник. Денеска судот од Мадрид конечно пресуди и тоа во полза на ФФШ, доколку Ла Лига сака фудбал во петок и понеделник, ќе мора да се договори со федерацијата.

По пресудата, ФФШ прво што порача е дека дозволува до крајот на сезоната да има фудбал во петок и понеделник. Ова го прави во знак на добра волја и не бара ништо за возврат.

Луѓето од федерацијата се свесни дека на Ла Лига и се потребни сите расположливи термини за сезоната да биде завршена во согласност на насоките од УЕФА, мечевите и онака ќе се играат зад затворени врати па затоа нема да прават проблеми во следните месеци.

Се шпекулира дека ФФШ ќе дозволи фудбал во петок и понеделник и на почетокот од сезоната 2020/21, доколку натпреварите продолжат да се играат пред празни трибини.