24фудбал

Во Лион сакаат Лацио да го освои Скудетото, па тие да му го зададат последниот удар на Јувентус

Фитнес тренерот на Лион, се надева дека Лацио ќе го освои Скудетото, па тие полесно ќе се справат со разочараниот Јувентус.

Лига на Шампиони

Лион со 1-0 ја доби првата осминафинална битка против Јувентус. Реваншот ќе биде одигран откако ќе биде комплетирана сезоната во Серија А.

Фитнес тренерот на Лион, Паоло Ронгони се надева дека Јувентус нема да биде шампион во Италија, а тоа ќе допринесе тие да бидат разочарани и недоволно фокусирани во Лигата на шампионите.

„Се надевам дека Лацио ќе го освои Скудетото, дека Јувентус ќе ја загуби титулата. Потоа ќе се еруптира неред во нивниот состав и ние ќе им го зададеме финалниот удар“, вели Паоло Ронгони.

„Тие сигурно ќе влезат во дуелот со нас во подобра натпреварувачка кондиција бидејќи ќе имаат одиграно 12 натпревари. Нас предност може да ни биде само ако работите во Серија А не се одвиваат добро за Јувентус“.

„Тоа ќе креира цунами во нивниот состав. Тоа е единствениот начин како ние можеме да си ги зголемиме шансите“.