24фудбал

Алиоски даде гол на тренинг па со бокс ја скрши камерата! (ВИДЕО)

Џани Алиоски е главниот забавувач во тимот на Лидс, но овој пат македонскиот репрезентативец отиде чекор подалеку, со бокс ја скрши камерата.

Англија

Се чини дека на Алиоски премногу му недостасувал фудбалот. Македонскиот фудбалер откако даде гол на денешниот тренинг почна да се радува, па со неколку бокса ја скрши камерата.

Лидс на својот твитер профил го објави видеото и напиша: „Па, тој дефинитивно не се смирил за време на паузата“.