24фудбал

Минута молк на тренингот на Реал Мадрид во чест на жртвите од Ковид-19 (ВИДЕО)

Шпанскиот гигант не заборави на жртвите од опасниот вирус кој се уште ја демне Европа и останатиот дел од светот, Шпанија исто беше силно погодена од пандемијата, а опасноста се уште трае.

Шпанија

Денешниот тренинг на шпанскиот гигант Реал Мадрид започна со минута молк во чест на жртвите од коронавирусот, сево ова како дел од одлуката декларирана од властите во Шпанија која ќе се применува во идните десет денови во таа земја.

Во Шпанија беше прогласена десет дена жалост за граѓаните кои ја загубија битката со опасниот вирус, а токму денеска е првиот ден, тоа ќе трае до 6. јуни, па еве како изгледаше сето тоа пред да почне тренингот на „Кралевите“...


Кога сме веќе кај фудбалска Шпанија, тамошните клубови се подготвуваат за предвидениот рестарт на сезоната кој треба да се случи од 8. јуни, на 11 кола до крајот на актуелната сезона во Примера, прв на табелата е составот на Барселона со 58 бода, два повеќе во однос на второпласираниот Реал Мадрид.