24фудбал

Лајпциг киксна, Херта со бод од гостувањето кај фаворитот (ВИДЕО)

Заврши првиот од петте предвидени натпревари за денеска во рамките на 28. коло од најсилната фудбалска дивизија на Германија, а бележиме кикс на Лајпциг кој ја имаше фаворитската улога на домашен терен против незгодната Херта.

Германија

Лајпциг одигра само 2-2 на домашен терен против Херта, а со тоа домаќинот не успеа да ја оправда фаворитската улога која ја имаше за овој натпревар, а дека гостите не дојдоа со бело знаме на овој меч говори и фактот што први дојдоа до водство.

Грујиќ уште во 9. минута од пресметката донесе почетна предност за Херта со 0-1, а Клоштерман во 24. минута израмни на 1-1, со овој резултат воедно се замина на паузата по првите 45 минути игра.

Во второто полувреме Лајпциг остана со играч помалку откако втор жолт картон доби Халштенберг, тоа се случи во 63. минута, но и покрај тоа, пет минути подоцна Шик донесе пресврт за домаќините од 2-1.

Сепак, Херта со гол од пенал, дело на Пјонтек во 82. минута дојде до израмнување од 2-2, а воедно и бод од ова гостување.


Лајпциг со 55 бода е на третата позиција на табелата, два повеќе во однос на Борусија Менхенгладбах, односно Баер Леверкузен.

Со почеток од 20,30 часот се играат и четирите преостанати натпревари:

Аугзбург – Падерборн

Фортуна Дизелдорф – Шалке 04

Хофенхајм – Келн

Унион Берлин - Мајнц