24фудбал

Шалке во Дизелдорф ја продолжи серијата порази (ВИДЕО)

Црната серија на Шалке продолжи и на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, тимот од Гелзенкирхен имаше водство од 1-0 но на крајот загуби со 2-1.

Германија

Како што заврши пред паузата поради коронавирусот така и почна во продолжението. Шалке девет натпревари по ред не знае за победа во Бундеслигата, откако таа продолжи имаат три порази.

Денеска поведоа со гол на Мекени во 53. минута на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф и во тие моменти се чинеше дека можат да ја прекинат негативната серија, но тоа не се случи.

Во 63. минута Хенингс изедначи на 1-1, а само пет минути подоцна Караман погоди за комплетен пресврт и водство на Фортуна од 2-1 што беше и конечен резултат.

Во останатите денешни натпревари од Бундеслигата домашна победа славеше и Хофенхајм кој со 3-1 го совлада Келн, Унион Берлин и Мајнц одиграа 1-1, немаше голови на дуелот меѓу Аугсбург и Падерборн. Претходно Лајпциг и Херта одиграа 2-2.