24фудбал

Навивачи на Партизан го шамарале Саво Милошевиќ во кафеана, стратегот заминува од клубот!

Српските медиуми јавуваат за голем скандал кој се случил во клупскиот ресторан на Партизан, навивачи на клубот го тепале тренерот Саво Милошевиќ.

Останато

Саво Милошевиќ е пред заминување од Партизан откако пред неполн месец доживеал непријатен момент во клупскиот ресторан.

Според „Блиц“, дел од водачите на Гробарите прво вербално го нападнале Милошевиќ во ресторанот, а потоа тренерот добил и неколку шамари од навивачите.

Навивачите биле лути затоа што Милошевиќ не дошол на состанок со нив кој бил закажан за претходниот ден. Па кога го сретнале во ресторанот, револтот го искажале и со шамарање на тренерот.

Саво Милошевиќ тешко дека ќе помине преку ваквото примитивно однесување на навивачите на Партизан, се претпоставува дека тренерот наскоро ќе си замине од клубот.