24фудбал

Сомнителен случај на коронавирус во Болоња, клубот смирува: Михајловиќ е добро

Болоња попладнево соопшти дека во своите редови има еден сомнителен случај на коронавирус, се работи за човек од стручниот штаб и соработник на Синиша Михајловиќ, кој спаѓа во ризичната група.

Италија

Новата серија тестови направени на „Ренато Дал’Ара“ донеле еден сомнителен случај на корнавирус. Болоња не откри за кого станува збор, само соопшти дека не се работи за фудбалер, туку за човек од стручниот штаб. Ова предизвика одредена загриженост, и многумина веднаш помислија на Синиша Михајловиќ.

Србинот спаѓа во ризичната група, изминатиот период се бореше со леукемија, добиваше хемотерапија па неговиот организам е значително ослабнат.

Страстите ги смири директорот Марко Ди Вајо, кој порача: „Со оглед на тоа дека сите знаеме каква е неговата ситуација, можам да кажам дека се е во ред со тренерот. Очекуваме повеќе информации во текот на утрешниот ден или во саботa. Доколку дефинитивно се работи за позитивен случај, целиот тим ќе оди во изолација“.

„Момците сигурно ќе бидат разочарани бдејќи 14 дена ќе бидат одвоени од семејствата“.

И покрај сомнителниот случај, Болоња продолжува со тренинг, но ќе се работи индивидуално.