24фудбал

Ливерпул се исклучува од трката по Тимо Вернер, немаат намера да ја платат откупната клаузула

Ливерпул одбива да ја плати откупната клаузула за Тимо Вернер, па германскиот напаѓач веројатно ќе заврши во друг клуб.

Англија

Лајпциг е дециден дека не сака ни да преговара за сума помала од 55 милиони евра колку што е откупната клаузула на Вернер. 

Поради кризата од коронавирусот Ливерпул ќе биде претпазлив на трансфер пазарот и нивниот став е дека нема да дадат за Вернер повеќе од 35 милиони евра.

Ако Вернер реши да остане во Лајпциг и следната сезона, тој ќе има уште две години од договорот, а според него наредниот летен преоден рок откупната клаузула ќе му падне на 40 милиони евра.

Но се верува дека тој ќе замине ова лето бидејќи Ливерпул не е единствениот кој се интересира за него. Се споменуваат Манчестер јунајтед, Челси, Барселона, Интер и Јувентус.

Вернер оваа година има дадено 30 голови во 39 мечеви во сите натпреварувања, има и 12 асистенции.