24фудбал

Манчестер јунајтед зема кредит за да го купи Џејдон Санчо

Манчестер јунајтед подигна кредит од 140 милиони фунти, а според „Сан“ дел од парите се наменети за купување на Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Англија

Извршниот директор на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд соопшти дека поради коронавирусот клубот претрпува големи финансиски штети и тие земаа кредит од „Банк оф Америка“.

Информациите велат дека парите од кредитот ќе им помогнат да ја ублажат кризата од коронавирусот, но голем дел од нив ќе бидат дадени за купување на крилото на Борусија Дортмунд, Санчо.

Џејдон Санчо е проценет на повеќе од 100 милиони фунти, но Манчестер јунајтед ќе се обиде во трансферот да го вметне и Алексис Санчез со што значително ќе ја намали сумата.

На шопинг листата на Јунајтед за летниот преоден рок се наоѓа и Џек Грејлиш кој е проценет на околу 60 милиони евра.