24фудбал

Премиерлигата се враќа на 17 јуни со дерби уште на првиот ден!

На денешниот состанок за продолжување на Премиерлигата, клубовите постигнале договор сезоната да продолжи на 17 јуни, информира „Телеграф“.

Англија

Премиерлигата ќе продолжи на 17 јуни во среда кога ќе има два натпревари. Едниот е дерби меѓу Манчестер Сити и Арсенал, а во другиот дуел Астон Вила ќе го пречека Шефилд јунајтед.

Овие два натпревари се заостанати, со нивното одигрување сите екипи ќе се изедначат со по 29 мечеви.

30. коло можеби ќе почне во петок на 19. јуни, но сигурно ќе биде комплетирано викендот сабота и недела на 20. и 21. јуни.

Планот е сезоната да биде комплетирана викендот на 1. и 2. август. А една недела после тоа ќе се одржи финалето од ФА Купот.