24фудбал

Од Лион не запираат со поплаките по одлуката за крај на сезоната во Франција

Лион излезе како огромен губитник по одлуката на француските власти да го стопираат сиот спорт до септември во таа земја, па така клубот им се приклучи на Амиен и Тулуз во битката властите да ја преиспитаат својата одлука.

Франција

ПСЖ е старо-нов првак на Франција, Олимпик Марсеј заврши на второто место и ќе игра во групите од Лигата на шампионите идната сезона, Рен за прв пат во својата клупска историја избори место во квалификациите за елитното европско натпреварување.

Лион излезе голем губитник по финалната одлука на француските власти, овој клуб со оглед на фактот што по таа одлука заврши на седмото место, нема да игра во Европа идната сезона, што ќе биде голем удар за тој клуб, од каде не запираат апелите тамошните власти да ја преиспитаат таа одлука.


Премиерлигата ќе продолжи одново на 7. јуни (поточно на 17. јуни), дозволете ни да се вратиме на тренинзите од 2. јуни, а потоа да играме натпревари без публика од јули, 15 денови по Англија и останатите“ напиша Жан-Мишел Ола, претседателот на Лион, наведувајќи ги премиерот и министерот за спорт на Франција во својата објава на социјалните мрежи.

Барањето на Ола доаѓа по финалната одлука во Премиерлигата каде се постигна согласност натпреварите од актуелната сезона да продолжат на 17. јуни, а со ова Лион веќе им се приклучи на Амиен и Тулуз во обидите да се промени одлуката на француските власти.