24фудбал

Гравина сведочи за „перверзна“ игра на клубовите: Дејствуваа за стопирање на сезоната за да не ги плаќаат вработените

Сосема разбирлива е внимателноста во Италија кога се во прашање деталите од продолжението од сезоната во фудбалскиот шампионат на таа земја, од причина што оваа земја беше силно погодена од пандемијата со Ковид-19.

Италија

Претседателот на италијанската Фудбалска федерација, Габриеле Гравина тврди дека некои клубови се обиделе да издејствуваат да падне одлука за стопирање на актуелната сезона, веројатно убедени дека тоа ќе им овозможи да избегнат исплаќање на плати кон своите вработени.

Конечната одлука за продолжението од сезоната во италијанскиот фудбал треба да падне денеска на клучниот состанок помеѓу Фудбалската федерација, Серија А, како и министерот за Спорт на таа земја, Винченцо Спадафора, за да се утврди конечниот датум за тоа кога би продолжила сезоната.

Ние сме Фудбалска Федерација на Италија, така природно, нашата ДНК не притиска да играме фудбал, со големо жалење видов во фудбалот ситуации кога одредени групи правеа сешто е можно да се стопира сезоната, веројатно убедени дека тоа ќе им овозможи да избегнат исплаќање плати на своите вработени во клубовите“ вели Гравина во интервјуто за магазинот „Дирито дело Спорт“ околу ситуацијата.

Тоа е перверзна игра од страна на фудбалски клуб кој сака да остане вон терените со цел да ја намали финансиската штега, сево ова ме убеди уште повеќе во целта да продолжиме со битката“ додава тој.

Знам дека многу Италијанци веруваат дека не треба да играме, го разбирам и жалењето да се играат натпревари без публика, но, во случај кога економијата во нашата земја ќе регистрира рестарт, тогаш не можеме да избегнеме да ја приклучиме и една од најважните индустрии“ заклучи Гравина.

Во меѓувреме, новинската агенција „АНСА“ јавува дека техничкиот научен комитет во Италија го одобрил медицинскиот протокол според кој сезоната би продолжила, меѓутоа и натаму остана спорно едно правило од протоколот, според кое, во случај на еден позитивен на Ковид-19, клубот од каде би дошол таков случај би бил подложен на карантин во времетраење од 14 денови.