24фудбал

Сезоната во Италија продолжува од 20 јуни, потврди министерот за спорт на таа земја

Сезоната во Италија и дефинитивно продолжува, но, и натаму е оставен простор за можни промени во строгиот медицински протокол во случај и натаму да опаѓа опасноста од заразата со Ковид-19 во таа земја, што веќе е благ тренд.

Италија

Сега е веќе официјално, полуфиналната фаза од Копа Италија ќе биде на програмата на 13. јуни, а Серија А може да продолжи со актуелната сезона почнувајќи од викендот на 20. јуни, потврди министерот за Спорт на Италија, Винченцо Спадафора по денешниот состанок на кој учество имаа и Фудбалската федерација, односно Серија А.

Ова беше многу корисен состанок, а како што веќе и најавивме претходно, фудбалот беше предвидено да продолжи тогаш кога ќе бидат обезбедени сите услови за да се запази на здравјето на сите учесници, а комисијата веќе даде зелено светло на протоколот“ вели Спадафора.

Италија полека но сигурно застанува на нозе, а сега е вистинското време тоа да се случи и со фудбалот. Комисијата го одобри медицинскиот протокол, но потврди и на потребата за периодот за карантин во случај да имаме фудбалер кој би бил позитивен на тестирањето за коронавирусот“ додава тој.

Од фудбалската федерација ме уверија во тоа дека План Б (плеј-оф и плеј-аут), како и План Ц (користење на постоечката табела) би можела да се користи во случај на суспензија, не е во мои раце да одлучам, тоа може да го стори Фудбалската федерација“ додава тој.

Да сумираме, ние денеска можеме да потврдиме дека сезоната може да продолжи од 20. јуни, се надевам дека од 13. јуни до 20. јуни ќе може да се комплетира Купот, тоа би било сигнал до целата нација“ заклучи Спадафора.

„Скај Спортс Италија“ во меѓувреме извести дека строгиот медицински протокол кој предвидува целосен карантин за клуб (14 дена) каде би имало позитивен случај на Ковид-19, би можел да биде променет во случај опасноста од заразата да опаѓа во земјата, како што тоа е веќе случај.