24фудбал

Авионот се тресел кога во него се тепале Дрогба и Мидо

Поранешниот тренер на Марсеј, Хозе Аниго раскажува за една случка во авион кога Дидие Дрогба и Мидо се степале.

Франција

Во сезоната 2003/04 Дрогба и Мидо играа заедно во Марсеј, комбинирано тие постигнаа 41 гол таа сезона и се пласираа во финалето на Купот на УЕФА.

Во четвртфиналето против Интер, францускиот тим победи дома со 1-0, но во реваншот Дрогба беше суспендиран со што му овозможи на Мидо да биде стартер. Иако Марсеј го доби и реваншот со ист резултат, во авионот накај дома се случил инцидент меѓу двајцата напаѓачи.

„Имавме одличен прв меч каде што можевме да победиме и победливо. Но победивме со мала разлика, не беше лесно. Дополнително Дрогба беше суспендиран за реваншот. Требаше да стартуваме со Мидо кој беше комплетно исфрлен бидејќи не играше и не беше лесен за контролирање на дневно ниво“, вели поранешниот тренер на Марсеј, Аниго.

„Проблемот беше неговиот животен стил, имаше поголема тежина отколку што треба, често доцнеше. Правеше тоа што сака. Кога не играше знаеше да прави тензија“.

„Се враќавме од натпреварот, Мидо правеше чудни шеги. Се шегуваше со стјуардесите, на Дрогба тоа не му се допадна, стана, отиде кај Мидо и работите се вжештија“.

„Можам да ви кажам дека авионот се тресеше. Се создадоа турбуленции. Беше многу жешко. Двајцата беа тешка категорија. Тие се пријатели, но во тој момент беше, многу, многу жешко“.

По само една сезона и двајцата беа продадени. Дрогба отиде во Челси каде што стана легенда, Мидо отиде во Рома.