24фудбал

Рестартот во Италија почнува со дуелот помеѓу Аталанта и Сасуоло, и тоа поради две причини

Убава идеја во Италија околу тоа со кој натпревар да биде одбележан најавуваниот рестарт на сезоната во Серија А, натпревар кого го поврзуваат со две причини.

Италија

Серија А ќе се врати на програмата идниот месец, и тоа со дуелот помеѓу Аталанта и Сасуоло, кој е предвиден да се одигра во Бергамо на 19. јуни, известува „Скај Спорт Италија“.

Италијанскиот фудбалски шампионат продолжува без публика, што е сосема логично, меѓутоа, иако министерот за спорт на таа земја, Винченцо Спадафора го наведе 20. јуни како датум кога би се вратиле фудбалските возбудувања во Серија А, а една седмица претходно би бил комплетиран купот, сепак, „Скај Спорт Италија“ тврди дека тоа би се случило 24 часа пред наведениот датум.

Натпреварот кој се споменува е опишан како симболичен, и тоа поради две причини кои го прават симболичен, првата причина е поради фактот што Бергамо беше епицентарот на пандемијата со коронавирусот во Италија, а токму таму би се одиграл првиот меч во предвидениот рестарт на сезоната.

Втората причина што ја наведува медиумиот е фактот што  Сасуоло е последната екипа заедно со Бреша која одигра меч во Серија А пред фудбалот да биде суспендиран поради коронавирусот.

Како за потсетување, на последниот меч во Серија А пред суспензијата, Сасуоло на домашен терен со 3-0 го совлада тимот на Бреша, а напаѓачот Франческо Капуто еден од неговите два гола го прослави со порака кон навивачите на која беше испишано: Сеќе биде во ред, останете дома.